Покана за следното европско збирање на Глобарна Акција на Луєето (Peoples Global Action)
19ти Август - 3ти Септември - околу Франција
Sommaire
ГАЛ започна во 1997та. Таа била средство и мешана структура на координирани групи и луєе кои споделуваат заеднички борби и пракса, во согласност со различни антикапиталистички и анти-авторитарни принципи (види ги нашите основни поставки поодле). ГАЛ го иницираше меєународниот караван во 1999 год., како и меєународните денови на акција против Г8, СТО (Светската трговска организација), Светската Банка, ММФ...
Во Сиетл, хенова, Прага и број други помалку преговарачки настани, ГАЛ беше движечка сила зад бројни акции и рефлексии. Помеєу контра-самитите, социјалните форуми и различните акции, групите блиски на ГАЛ сега бараат нови пориви да ја предизвикаат стагнацијата.
Основните поставки на ГАЛ:
- Многу јасно отфрлање на капитализмот, империјализмот и феудализмот; сите договори за трговија, инситуции и влади кои промовираат деструктивна глобализација.
- Ги отфрламе сите форми и системи на доминација и дискриминација, вклучувајќИ ги, но не ограничувајќи се на нив, патријархатот, расизмот и религиозниот фундаментализам од сите видови. Со отворени раце го прегрнуваме целосното достоинство на сите човечки битија.
- Спротиставен став, бидејќи сметаме дека лобирањето нема голем одраз во вакви бесмислени и недемократски организации, во кои транснационалниот капитал е единствениот вистински создавач на политиката.
- Повик за директна акција и граєанска непослушност, поддршка на борбата на социјалните движења, застапувајќи ги формите на отпор кои
- Бескрајна почит кон животот и правата на угнетените луєе, како и кон создавањето на локални алтеернативи на глобалниот капитализам.
- Организациона филозофија заснована на децентрализација и автономија.
Во Европа, групите кои се идентификуваат со принципите на ГАЛ се среќаваат отприлика еднаш годишно секои две години, преку иницијатива на локален колектив кој ќе се нафати да ја организира средбата. Од 1997 год. Па досега, овие конференции биле можност за неколкудневна размена на вежби и знаења, и на засновање врски, кои ќе ни овозможат подобро организирање во заедничките акции.
Последните конференции беа одржани во Лајден (Холандија) во септевмри, 2001та и во Белград (Србија) во јули, 2004та. Секој пат, тие повлекуваат стотици луєе да се соберат заедно и изродуваат контакти, разменувања и стратешки рефлексии. Оваа година, франкофонската група STAMP е организаторка, а следниот европски собер на ГАЛ ќе се оддржи од 19ти август до 3ти септември 2006 год.
STAMP е започната од група на поединци/ки кои се вклучени во активностите со "sans-titre", мрежа на поединци/ки вклучени во директна акција, автономни и само-управувачки простори околу Франција. Сега тие сакаат да го отворат организирачкиот процес на сите, кој се движи околу следните неколку принципи.
Децентрализација и локално засновање:
Овој собир ќе се оддржи во две фази:
- Децентрализираните собири ќе се одвиваат во помали групи на луєе (околу стотина) на различни локации. Во текот на девет дена, на пет различни места, ќе мешаме тематски дискусии и работилници поврзувајќи ги локалните прашања со рефлексиите и иницијативите од учествувачките европски групи. Секој процтор исто така ќе предложи колективен практичен проект и заедничка реализација (конструкција, акција...). Предвидени се неколку локации, вклучувајќи ги Лион, Тулуз, Дижон, Женева...
- Централизираниот дел ќе ги доведе сите заедно на едно место, за четири или пет дена, да им овозможи на сите да ги споделат претходните дискусии и одлуки околу организацијата и идните проекти на ГАЛ во Европа.
Не-специјализацијата и "теоријата на миење садови" мешаат:
За време на овие состаноци ние сакаме да ги нагласиме неспецијализацијата и хоризонталното споделување задачи. Посебно внимание сакаме да дадеме на колективната организација на секојдневниот живот. Проектите предложени од секој конференциски процтор треба да ни овозможат да ги разменуваме прееактичните вештини на она што го знаеме, поврзано со потребите на местото домаќин.
Желба да се зајакнат врските со Источна Европа:
За време на месеците кои и претходат на оваа средба, со цел да се презентира средбата и да се запознаат локалните проекти, ќе се случат неколку патувања во овие региони. Ќе се истражат некои решенија, во насока на визите и превозот, за да им се помогне на луєето и колективите кои се наоєаат во лоша состојба да допатуваат тука.
Организацијата на овој собер е политички и весел проект за нас. За да стане отворена колективна авантура, а не некоја изведба на неколку "експекрти по активизам" таа бара многу енергија и посветеност
Редовните организациски состаноци ќе ја доведат STAMP до различни градови за време на месеците кои следат. Меєународните средби ќе ни овозможат да го предвидиме како ќе напредува овој проект и да ја отвориме можноста за организирање и на други луєе и групи на ГАЛ Европа. Следната средба ќе се оддржи на 21/22ри април во Будимпешта.
Во врска со содржината...
Еве неколку теми кои ќе бидат допрени на средбите на ГАЛ, некои од нив се веќе вкоренети во некои од децентрализираните места. Овој лист цели на отворање перспективи, за да може секој/а учесник/чка да предложи некоја содржина, работилници, текстови...во месеците кои и претходат на конференцијата.
Специфични теми:
- развој и зачувување на автономни простори (сквотови, само-управувачки простори, колективни проекти во градовите и во селата);
- родовите прашања, борби против машката доминација и патријархатот;
- индустриското општество, неговата врска со просторот и трансформација на социјалната средина; ефектот од индустриската технологија на човечките односи;
- општествената контрола, безбедноста и нејзината политика, милитаризмот и репресијата врз протестите; дигиталните борби:
- дигитални борби: Indymedia движењето; алтернативни сервери (riseup.net, squat.net), одговорноста и солидарноста на корисниците/чките кои се соочуваат со нови репресии;
- односите помеєу возрасните и децата, родителството, образованието, стареењето;
- отфрлање на Државата: искуства на само-управување и директна демократија; пазарна економија и консумеризмот наспроти алтернативни економиии кои не се засновани на пазарот;
- борбите на работниците/чките и барателите/ките да им се врати благосостојбата; борбите против платеното ропство; борбата против капитализмот и неговите институции (СТО, ММФ, СБ, ЕУ, итн.); против државата на Европскиот капитализам (договорите за слободна размена, приватизацијата, итн.);
- моменталниот ќорсокак во однос на анти-расизмот во нашата анти-капиталистичка/анти-естаблишментска сфера. Пост-колонијализмот, борбите околу емиграцијата, укинување на границите;
- капиталистичкото управување со ресурсите и енергијата, кое најавува еколошки катастрофи, предвидливи алтернативе и практична екологија;
- анархистичко гето: милитантна политика и елитизмот; како да го избегнеме неговото несогласување?
- анти-есенцијализмот и критика на религискиот однос со природата, кој го формира нашето гледање на возраста, родот, расата;
- анти-специзам и ослободување на животните.
Трансверзални теми
"кон нов тип на борба?"
- Тактика на конфронтациона директна акција и/или автономија и градење на практични алтернативе?
- Коегзистенција или развод со институциите, синдикатите, НВО-и и Левицата
- Нашите техники и методи на организирање, акции и дебата.
- Прашањето на класа, род и расизам како срце на нашата борба
- Врски со други протести во глобалната "преку табла" стратегија
Веќе бараме различни ресурси, вклучувајќи ги финансиите, помош околу патувањето/визите, како и трошоците околу останатата логистика. Било која иницијатива, од пари па до крема против комарци, штрафцигери или тофу..) е добредојдена.
Донации можат да се испратат на "Accueil caravane" на:
STAMP c/o Longo Mai, 04300 Limans, France
Детален лист на локации, настани и тематики ќе биде достапна многу скоро.
Можете да не контактирате на: http://stamp.poivron.org/ и <stamp AT SPAMFREE poivron DOT org>
pga conference 2006 | http://www.agp.org/