Покана за следното европско збирање на Глобарна Акција на Луѓето (Peoples Global Action)

19ти Август - 3ти Септември - околу Франција

ГАЛ започна во 1997та. Таа била средство и мешана структура на координирани групи и луѓе кои споделуваат заеднички борби и пракса, во согласност со различни антикапиталистички и анти-авторитарни принципи (види ги нашите основни поставки поодле). ГАЛ го иницираше меѓународниот караван во 1999 год., како и меѓународните денови на акција против Г8, СТО (Светската трговска организација), Светската Банка, ММФ...

Во Сиетл, Џенова, Прага и број други помалку преговарачки настани, ГАЛ беше движечка сила зад бројни акции и рефлексии. Помеѓу контра-самитите, социјалните форуми и различните акции, групите блиски на ГАЛ сега бараат нови пориви да ја предизвикаат стагнацијата. Основните поставки на ГАЛ:

Во Европа, групите кои се идентификуваат со принципите на ГАЛ се среќаваат отприлика еднаш годишно секои две години, преку иницијатива на локален колектив кој ќе се нафати да ја организира средбата. Од 1997 год. Па досега, овие конференции биле можност за неколкудневна размена на вежби и знаења, и на засновање врски, кои ќе ни овозможат подобро организирање во заедничките акции.

Последните конференции беа одржани во Лајден (Холандија) во септевмри, 2001та и во Белград (Србија) во јули, 2004та. Секој пат, тие повлекуваат стотици луѓе да се соберат заедно и изродуваат контакти, разменувања и стратешки рефлексии. Оваа година, франкофонската група STAMP е организаторка, а следниот европски собер на ГАЛ ќе се оддржи од 19ти август до 3ти септември 2006 год.

STAMP е започната од група на поединци/ки кои се вклучени во активностите со “sans-titre”, мрежа на поединци/ки вклучени во директна акција, автономни и само-управувачки простори околу Франција. Сега тие сакаат да го отворат организирачкиот процес на сите, кој се движи околу следните неколку принципи.

Децентрализација и локално засновање:

Овој собир ќе се оддржи во две фази:

  1. Децентрализираните собири ќе се одвиваат во помали групи на луѓе (околу стотина) на различни локации. Во текот на девет дена, на пет различни места, ќе мешаме тематски дискусии и работилници поврзувајќи ги локалните прашања со рефлексиите и иницијативите од учествувачките европски групи. Секој процтор исто така ќе предложи колективен практичен проект и заедничка реализација (конструкција, акција...). Предвидени се неколку локации, вклучувајќи ги Лион, Тулуз, Дижон, Женева...
  2. Централизираниот дел ќе ги доведе сите заедно на едно место, за четири или пет дена, да им овозможи на сите да ги споделат претходните дискусии и одлуки околу организацијата и идните проекти на ГАЛ во Европа.

Не-специјализацијата и “теоријата на миење садови” мешаат::

За време на овие состаноци ние сакаме да ги нагласиме неспецијализацијата и хоризонталното споделување задачи. Посебно внимание сакаме да дадеме на колективната организација на секојдневниот живот. Проектите предложени од секој конференциски процтор треба да ни овозможат да ги разменуваме прееактичните вештини на она што го знаеме, поврзано со потребите на местото домаќин. Желба да се зајакнат врските со Источна Европа:

За време на месеците кои и претходат на оваа средба, со цел да се презентира средбата и да се запознаат локалните проекти, ќе се случат неколку патувања во овие региони. Ќе се истражат некои решенија, во насока на визите и превозот, за да им се помогне на луѓето и колективите кои се наоѓаат во лоша состојба да допатуваат тука.

Организацијата на овој собер е политички и весел проект за нас. За да стане отворена колективна авантура, а не некоја изведба на неколку “експекрти по активизам” таа бара многу енергија и посветеност

Редовните организациски состаноци ќе ја доведат STAMP до различни градови за време на месеците кои следат. Меѓународните средби ќе ни овозможат да го предвидиме како ќе напредува овој проект и да ја отвориме можноста за организирање и на други луѓе и групи на ГАЛ Европа. Следната средба ќе се оддржи на 21/22ри април во Будимпешта.

Во врска со содржината...

Еве неколку теми кои ќе бидат допрени на средбите на ГАЛ, некои од нив се веќе вкоренети во некои од децентрализираните места. Овој лист цели на отворање перспективи, за да може секој/а учесник/чка да предложи некоја содржина, работилници, текстови...во месеците кои и претходат на конференцијата.

Специфични теми:

Трансверзални теми

“кон нов тип на борба?”

Донации можат да се испратат на “Accueil caravane” на: STAMP c/o Longo Mai 04300 Limans France

Детален лист на локации, настани и тематики ќе биде достапна многу скоро.

Можете да не контактирате на: stamp@poivron.org

STAMP: Themes/FeministFocus/ContributeMacedonian (dernière édition le 2008-12-19 18:59:40 par anonyme)